МакедонијаНовостиСиндикат

СПМ: Одржана панихида во чест на бранителот и херојот Чедо Додевски под мотото „ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО”.

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:

Денес 06.04.2024 година, сабота во Карпински манастир или “Воведение на Пресвета Богородица” сместен во близина на селото Орах, Кумановско во Источна Македонија (Основан е во 14 век) со почеток во 13.30 часот беше одржана панихида во чест на бранителот и херојот Чедо Додевски под мотото „ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО”. Претходно успешно беше спроведен марш до Карпинските езера.Чедо Додевски (Куманово, 1956 – Слупчане, Кумановско, 13 февруари 2001) бил Македонски бранител, сообраќаен полицаец и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Чедо Додевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија. Почесни гости на настанот беа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, Министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски и кандидатите за пратеници на Собранието на Република Македонија Боби Николовски и Бране Петрушевски.ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО, НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ЗАБОРАВАТ, СЛАВА МУ!ЦЕЛТА на акцијата-маршот е да се промовира и тргне од заборав ликот и делото на Чедо Додевски.

Со почит,

Синдикат на полиција во Македонија

https://www.facebook.com/events/1110280896954765/?post_id=1123440152305506&view=permalink&notif_id=1712423119528393&notif_t=mention&ref=notif

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *