МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Прес на СПМ: Незаконско работење на внатрешната контрола – ВОВЕД во анархија

Незаконско работење на внатрешната контрола – ВОВЕД во анархија⁉️

Почитувани,

Целта на ова а прес конференција е да обелодениме незаконско и непрофесионално работење на еден Оддел во Министерството за внатрешни работи.

До пред неколку месеци пред одењето во пензија на поранешниот Помошник на Министерот за внатрешна контрола сметавме и мислевме дека овој Оддел го допрел дното дека нема подоле и полошо да биде и ќе се сопре со незаконското работење. Со поствувањето на позиција на сегашниот помошник на Министерот за внатрешна контрола каке ако не од Куманово излезе дека со незаконското работење се може “уште подобро и уште појако”.

Да ја запознаеме јавноста дека СПМ како Синдикат во ова негово „владеење“ поднесе неколку преставки со сомневање на незаконско работење на повисоки структури во МВР.

Иако сметаме и знаеме дека ОВККИПС Е ДОЛЖНА да врши контрола над работењето над сите работници вклучувајќи ги тука началници и командири со жалење може да констатираме дека не е така.

Она што на веќе сериозно како Синдикат не загрижува и плаши е фактот и поставување на прашањето дали и „оваа“ внатрешна контрола предводена од овој нов помошник за внатрешна ќе „постои“ само за полицајци, водичи и сменоводители а никако нема да постои за командири и началници. Иако на стартот се надевавме дека овој помошник ќе биде поразличен во овој поглед и ќе биде КОНТРОЛА за сите а не механизам за пресметување на професионалци и неистомисленици. Се излажавме не е така. Единствено во тој оддел прибра слепи послушници кои на секаков незаконски начин им помага на злоупотребите „на нашите“.

Сериозно да го прашаше овој нов помошник за внатрешна контрола дали смета дека во МВР постојат луѓе кои врска немаат со правилата и прописите за тој да може да прави што сака и незаконски и непрофесионални одговори да потпишува и праќа⁉️

Го повикуваме Министерот за внатрешни работи Спасовски да ја испита незаконската работа на овој Помошник кој обработува за нечии интереси. Веќе од понеделник СПМ ќе ги оправда овие наводи и на писмено. Од причини што овој помошник на Министерот одамна ја изгуби смислата за негово работење и постапува незаконски кон повеќето предмети, Бараме или негова оставка или негово разрешување. Нас во МВР не ни требаат лица да ни ја брукаат службата. За таа цел Бараме или внатрешната контрола да важи за сите или уште од понеделник истата од систематизацијата да се укине и да не постои бидејќи одамна причините за нејзнино постоење веќе немаат смисла. Внатрешна контрола за само кој што направил на социјалните мрежи а „не е наш“ да го праќаме на дисциплинска а да мижеме на вистинските и сериозни повреди кои ги прават високи структури нас не ни е потребна.

Министре Вие сте на потег, проверете кого поставувате и исчистете си го навреме дворот за да не ве брукаат поединци.

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#силанановотовреме

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02q5UwZD74n54r6nVYjTEkUrhdUJB9W7UqtKntC9ur1n7uAB2p4YzxZeL8EMPTEkr7l&id=100046824475551

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0nBQfTHpyc73h3hTrAKNdT9k9Txp61SruqLdu8ZBRxqQ4sauB3FHSuEJgXdtZwyhyl&id=100046824475551