Пари: ЦЕНИТЕ РАСТАТ ПРЕКУ НОЌ, ШТЕДЕЊЕТО ЗАПОЧНА: НА ПАЗАР СЕ БАРААТ 2 ЈАБОЛКИ, 2 ЛИМОНА, 300 ГРАМА ОРИЗ
„Пари“ анализира колку се зголемиле цените на основните прехранбени производи од почетокот на годината
Цените на прехранбените производи кај нас рушат рекорди, додека Организација за земјоделство и храна при Обединетите нации забележува смирување на цената на храната. Во продавниците велат дека некогаш менуваат цени и по два пати неделно. Ниту замрзнатите маржи на основните производи не го спречија порастот на цените. Ако лани за илјадарка можевме да испазариме за 3, 4 дена, сега не стига ни за едно јадење. Оттука и граѓаните, но и дел од експертите сметаат дека Владата мора итно да реагира – по примерот на земјите од регионот да ги замрзне цените, а не маржите за трговците. Ако продолжи растот, ќе немаме ни за леб, е реченицата што се почесто може да се слушне во јавноста. За да заштедат граѓаните, талкаат од маркет на маркет и бараат да купат поевтино.
Повеќе на Пари.ком.мк

