СПМ повикува да се пријавуваат прекршувањата на прописите за безбедност и здравје при работа
Фејсбук статус на СПМ:
ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН МОРА ДА БИДЕ ЗАШТИТЕНО!
Синдикат на полиција во Македонија – СПМ повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на вработените и на ранливите групи во услови на високи амбиентни температури.
Ваквото предупредување доаѓа поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни 2025 година.
Во насока на справување со најавените високи температури, СПМ бара од работодавачот – МВР да ги почитува марките за безбедност и здравје при работа , да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот , како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.
Од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните , хронично болните и бремените работнички .
Работници почитувајте се , спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа , а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник , претставникот на работниците за БЗР ( во овој момент го нема и не постои), Државниот инспекторат за труд!
Во случај на симптоми на топлотен удар, во препораките за прва помош треба веднаш да се повика 194 или 112, лицето да се префрли во разладена просторија, да легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и прскање со вода, да не се дава терапија додека не пристигне лекарска помош, а ако е во бессознание, да се постави во странична положба.
Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Синдикат на полиција во Македонија на: sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com

