Еве кога работникот има право да одбие извршување на работа
Сакав да напишам цела колумна за ова, но за да не филозофирам премногу, еве што вели Законот за безбедност и здравје при работа во однос на тоа кога работникот има право да одбие да извршува работни задачи:
Член 39
(1) Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед. (2) Вработен има право да одбие извршување на работа, доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување. (3) Доколку работодавачот не ја отстрани опасноста или не постапува во согласност со мислењето на овластената здравствена установа, вработениот може да побара интервенција од надлежниот инспектор за труд и да го извести претставникот.
Член 40
Вработен може да работи на работно место или во услови на изложеност на зголемена опасност од повреда или нарушување на здравјето (работа при зголемен или намален воздушен притисок, високи или ниски температури, штетни зрачења, зголемени вибрации, бучава, работа со болни од заразни болести и со заразни материјали, работа во вода и влага, тешка физичка работа, теренска работа изложена на атмосферски неприлики и други опасности, работа во услови на недоволна или пресилна осветленост, работа во простории загадени со хемиски штетности, работа под земја или под вода, работа на височина или на длабочина, работа на летачки персонал и слично) само врз основа на процена на овластена здравствена установа со која се потврдува способноста на вработениот за односната работа.
Тука можете да го пронајдете целиот Закон за безбедност и здравје при работа

