СПМ: Почитуван екс дополнителен министре Митко, да ве потсетиме по што ќе бидете запаметени
Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
RUN AWAY, AND NEVER RETURN
Почитуван екс дополнителен министре и “шефе” Митко.
Си тераш ПР до крај како што беше научен од твојот учител Оли “најдобриот на сите времиња уште пред пирамидите во Египет”…
Дури и си го ставил напред на предна слика зошто сте Вие двајца нели најзаслужни оти во МВР тече мед и млеко (изгледа само за Вас)……
Па ни благодариш што заедно со твојот шеф сте направиле заедно од 2017 па досега.
Токму затоа вработените и граѓаните Ви дадоа ПОСЕБНИ ЗАСЛУГИ за се што направивте и тоа втората недела во месец Мај некаде ден среда…..
Ај да се вратиме и да те разбудиме од сонот дополнителен Митко и твојот шеф Оле….
°°°°°°°°°®°°°°°°°°°°°°°°®°°°°°°°°°°°°°°°°°°°®°°°°°°°
Секој почеток има и крај …
Пред да си одите ЗАСЕКОГАШ да спомнеме по што ќе бидете запомнати за периодот за кој се фалите :
– Над 25.000 тужби кои заедно со Оли ги создадовте,
– Над 25.000 распоредувања каде заедно со Оле се изживувавте над вработените,
– Над 24 МИЛИОНИ ЕВРА исплатена штета по основ на тужби благодарение на вашата неспособност,
– Нарушени меѓучовечки односи како нико НИКОГАШ досега и ставање на партиски и неподобни кадри,
– Унапредувања на поединци по десетици скалила како НИКОГАШ досега,
– Незаконски вработувања и рипање по неколку скалила,
– Создавање на УПЛАШЕНА полиција,
– Потписници на еден од НАЈЛОШИТЕ КД досега каде попрво вработените ги согледуваат последиците посебно со прашањето за БОНУС платата,
– Ставање на НАЈНЕПРОФЕСИОНАЛЕН кадар досега,
– Справување со синдикалните претставници и Синдикати КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА,
– Илјадници дисциплински постапки,
– Стотици НЕЗАКОНСКИ СУСПЕНДИРАЊА на Саше директорето,
– Внатрешна контрола која во вашето владеење го изгуби СВОЈОТ АВТОРИТЕТ.
Списокот е долг и нема крај….
Затоа веќе е време да си одиш Митко. Да и ти и твојот шеф и НАЈНЕСПОСОБЕН МИНИСТЕР НЕКОГАШ Оле. ЗАСЕКОГАШ
Еве ние како Синдикат да Ве испратиме со една позната парола од еден познат филм:
RUN, AND NEVER RETURN
И ДАЈ БОЖЕ ДА ОДГОВАРАТЕ ЗА СЕ
Се надеваме дека во блиска иднина, ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВРАТИ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА….
И на позицијата МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ќе застане човек кој ќе го врати она што вие двајца го одземавте! АДИОС
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
- КАКО ДО ГЕРМАНСКА СТУДЕНТСКА ВИЗА: Зголемен е износот кој студентите мораат да го уплатат на сметките, но има и алтернативи. Ова се условите - 06/11/2024
- Ако од 2025 година го одложите пензионирањето во Германија, ќе ви исплатат дарежлив бонус - 06/11/2024
- Ментално здравје и работната средина: Стресот најизразен во токсичните работни средини - 06/11/2024