СПМ: Суспендирани полицајци без никаков основ, Директоре на БЈБ ќе престанеш ли со НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ⁉️
Суспендирани полицајци без никаков основ, Директоре на БЈБ ќе престанеш ли со НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ⁉️❗️
Додека нашиот нај Министер Спасовски си рекламира партија во Ростуше, промовира партиски членови за нивно гласање, активности кои досега многу пати предочивме дека се спротивни на ЗВР и Протоколите на владата(читај ЕТИЧКИ КОДЕКС)….., во “неговото транспарентно и екстра задоволно” МВР, се прави хаос, се растура систем, се наметнува автократија.
Неговите “повереници” го растураат ионака пропаднатиот систем на работа и си лечат комплекси врз полицајците.
Овој пат смислиле нов начин на покажување на “моќ” – суспендирање без законски основ и без никакви докази!!! За да биде појасно, за наводни дисциплински прекршоци кои врз основа на КД дури се сметаат и за полесно кршење на работната дисциплина, без никаков доказ за тоа и заради тоа што “претставувале можна штета на угледот на МВР” – со предлог на дотичен началник истите се суспендирани од страна на Директорот на БЈБ.
Да, Директорот Саше, специјалецот кој веќе 5 и повеќе години 99,9% од вработените не ни му го слушнале гласот. Да тој кој со само едно “пукање” во собрание стана тоа што е сега…Директор на БЈБ.❗️
Да, Директорот Саше дал образложение кое е непостоечко како можна причина за суспензија.
Но тоа не е ништо во споредба со решенијата за суспензија на работници заради ПРЕМОРЕНОСТ❗️
Да, премореност❗️❗️
Да потсетиме, доколку работникот не се чувствува способен физички да ја изврши задачата, должен е да го извести претпоставениот за да може со задачата да се задолжи друг работник, заради нејзино навремено и потполно извршување. Но нашиот Директор Саше кој очигледно и поизвесно дека не ја познава воопшто работата на полицаецот, па за него неколкудневното 12 часовно ангажирање на полицаец, со полна опрема на него за сузбивање на нарушување на ЈРМ, на задачи кои налагаат висок физички напор, не е доволна причина полицаецот да се почувствува физички заморен и моментално неспособен за работа.
Па затоа ги суспендирал полицајците, со образложение дека одбиле задача да бидат прекувремено ангажирани❗️🚨
Да го потсетиме директорот Саше дека претпоставениот има обврска да ја води работата и менаџирањето со човечките ресурси на начин што тоа ќе овозможи навремено, целосно и успешно извршување и реализација на планираните, предвидените задачи и обврски. Во таа обврска му е дадена слобода во одлучувањето, но само за планирањето и извршувањето! Но во никој случај да си игра судија, порота и извршител.
Саше, Ти кој си поставен на таа очигледно незаслужена висока позиција ЗОШТО по секоја цена го рушиш интегритетот на професијата Полицаец⁉️
Зошто ТИ заедно со твојот шеф последниве години ја направивте полицијата да стане најнепосакувана професија⁉️🚨
СУСПЕНДИРАШ колеги зошто со причина не можеле да прифатат единствено прекувремена работа?
Па каде го има ова во светот бе Саше, директоре наш на БЈБ❓️
Па имаш ли ТИ воопшто “свое јас” или откако си поставен “слепо” извршуваш работи какви што ќе ти каже и нареди твојот шеф а однапред знаеш дека се незаконски….👎⛔️
Па имаш ли било каков осет, бе ТИ Саше, и знаеш ли дека со твоите незаконски суспендирања кои утре ќе се докажат “малтретираш и вознемируваш” цели фамилии, цели семејства…
Незаконски “фрлаш” на улица цели фамилии…
ЗОШТО го правиш сето ова, што имаш направено и задолжено па вака да се однесуваш кон твои колеги со кои до вчера лебот си го делел….
А беше добар Саше како полицаец, беше…..
Верувај, еден ден ќе ти биде криво за се незаконски што правиш, за сите твои иницирани дисциплински постапки, за сите твои тенденциозни и незаконски суспендирања…..Тогаш ќе биде касно, и нема да…….. ќе биде касно почитуван Саше.
Чукни си ја главата што правиш додека е време…..Тие што те советуваат секојдневно те носат кон бездната…
#силанановотовреме
#СПМ
линк:
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025