Србија: Во четвртата недела од вонредната состојба 2,000 отпуштени работници
Министерот за труд, вработување и социјални прашања на Србија, Зоран Ѓорѓевиќ оценил дека во наредните денови нема да дојде до значајно зголемување на бројот на невработени на пазарот на труд.
„Имајќи ги во предвид мерките кои Владата ги претставила за помош на економијата, а со цел зачувување на работните места, мислам дека до такво сценарио нема да дојде“, рекол Ѓорѓевиќ за Вечерни Новости.
Ѓорѓевиќ рекол дека и Националната служба за вработување овозможила сите да ги остварат своите права во согласност со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
„Напоменувам дека и понатаму ги спроведуваме активните политики за вработување и пружаме поддршка, како на барателите на работа, така и на работодавачите. Исто така, сите јавни повици се и понатаму актуелни и обезбедена е можноста за поднесување на барања за учевство во нив, но сега само по електоронски пат“, рекол Ѓорѓевиќ.
Како што наведува весникот, чевртата недела од вонредната состојба во Србија пречекала нешто повеќе од 2,000 отпуштени работници, односно, толку луѓе се пријавиле во Националната служба за вработување.
Ѓорѓевиќ рекол дека без оглед на вонредната состојба, вработените кои сметаат дека им се повредени работничките права можат да се обратат до Инспектортот за труд кој во согласност на своите надлежности и овластувања ќе преземе соодветни мерки.
Тој посочил дека пензиите ќе се исплаќаат, како во редовни околности.