- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

ССЕРИ дава поддршка на протестот на КСС

ССЕРИ - Работник
358views

Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика,Рударство и Индустрија на Р.Македонија – ССЕРИ  дава целосна поддршка и се приклучува кон протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС кој ќе се одржи на 15 април (четврток) со почеток од 16 часот по претходно дефинираната рута.

ССЕРИ како членка на Конфедерацијата на слободни синдикати-КСС се соочува со континуирана деградација од страна на работодавачот, самоволието , непочитувањето на правосудниот систем се секојдневие на раководната структура на работодавачот.

Поради непочитување на правосудниот систем и непостапување по правосилни одлуки и налог за постапување издаден од страна на извршител е само капка во чашата која ја прели нашата толеранција за СЛОБОДА ВО СИНДИКАЛНОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ И СЛОБОДА ВО СИНДИКАНОТО ДЕЛУВАЊЕ.

Поради незавидната ситуација во која не доведе работодавачот АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ ние како грански синдикат сме се залагале и во иднина ќе се залагаме за Социјален дијалог,слобода во синдикалното организирање и делување, сигурни работни места, зголемување на плата, зголемување на безбедноста при работа и остварување на сите останати права загарантирани на работниците.

Ги повикуваме сите наши членови во знак на солидарност да се приклучат на овој протест и заедно да го искажеме нашиот револт.