ССК: Австриецот Евалд Коениг туристичкиот гигант, нов Потпретседател за надворешна соработка и туризам
Сојузот на стопански комори на седница на Управен одбор донесе одлука за назначување на Евалд Коениг за нов потпреседател за надворешна соработка и туризам во ССК ,роден Австриец и сопственик на туроператор Мак-Сан Травел веќе 15 години и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот.
Своето искуство и меѓународна екпертиза во истражување на пазарот,анализа и инвестиции ќе го пренесе и во понатамошното успешно
работење на Сојузот на стопански комори на Македонија застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората.
Г-дин Кoениг како туристички експерт промовирајќи ја Македонија и Балканот како дестинација,со своето богато културно
наследство,повеќевековна историја и прекрасна архитектура,прекрасната храна и вино ,искуствено посочи како туристичка дестинација Македонија се повеќе туристи сакаат да ја посетат. Во земјава во мај годинава се евидентирани 106 604 туристи, од кои 25.5 % биле домашни, а 74.5 % се странски, бројот на ноќевањата во мај изнесувал 200 439, од кои 29.4 % се од домашните туристи, а 70.6 % од странските. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи за 8.8 %, а кај странските за 11.0 %,споредбено со истиот период минатата година.
,,Туризмот е моќен деловен сегмент за развој на економијата, придобивките од туризмот се повеќекратни и најмногу видливи преку растот
на девизните приливи, подобрувањето на платниот биланс, отворањето нови работни места и зголемувањето на инвестициите.Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото ,ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловнаклима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се
наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа”, истакна Ангелоски.
Во брзо менувачко опкружување,Коморите можат да понудат решенија и имаат клучна улога во предвидувањето на компетенциите што ќе им бидат потребни на бизнисите во иднина.За таа цел,ССКМ заеднички со приватниот сектор и интензивна мeѓународнa соработка,стратегија за долгорочен раст и просперитет,модерен и одржлив економски раст ефективно работи на зацртаните приоритети : иновациите, соработката и стратешкото лидерство.
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024