ССНМ СО ПОДДРШКА ЗА СИНДИКАТОТ НА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ
Поддршка до Синдикатот на контроли на летање дојде и од Синдикатот на новинари и медиумски работници, кој во своето соопштение напиша:
„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува целосна солидарна поддршка на Струковиот синдикат на контролори на летање, како и на другите синдикати во М-НАВ.
ССНМ ги поддржува сите барања на колегите синдикалци за оставки на раководството на оваа значајна институција, расчистување на случајот со упаѓање во контролата на летање и одговорност за сите вклучени.
Сметаме дека професионалноста, знаењето и вештините мораат да бидат единствени критериуми за вработување, особено кога станува збор за чувствителни институции како што е контролата на летање од кое што директно зависат животите и безбедноста на луѓето и на воздушниот простор на државата.“
- Наполнила 65 години, родила пет деца, но останала без пензија: Хрватскиот закон не ја признава грижата за деца како работен стаж - 12/06/2025
- И со плата од 2 милиони долари Мета нe може да ги задржи ВИ талентите - 12/06/2025
- Берлин на пат да го престигне Минхен: Германската престолнина се издигнува како нов економски центар - 12/06/2025