МакедонијаНовостиСиндикат

СТВ дел од проектот „Договор за зелен паметен транспорт“

   Време за читање 1 минута

Гранскиот синдикат за транспорт и врски при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествуваше во рамките на проектот „Договор за зелен паметен транспорт“, финансиран од Европската унија.

Проектот “Договор за зелен паметен транспорт” (Green.Smart.Transport.Deal – GSTD), што го финансира ЕУ, се фокусира на засилување на транснационалната соработка помеѓу социјалните партнери за да се унапреди учеството на работниците во активностите коишто се спроведуваат во компаниите при имплементацијата на Европскиот зелен договор (EGD) во секторот на транспорт. Исто така, целта е овие активности да се развијат на општествено одговорен начин, земјаќи ги предвид правата на работниците, работодавачите и животната средина.

Дополнителната вредност на проектот GSTD се огледа во подетален фокус на примена на Европскиот зелен договор на општествено одговорен начин, со осврт на еколошките прашања, економските интереси на компаниите и социјалните потреби на работниците во секторот за транспорт. Ова се постигнува преку ефикасна соработка при примена на европските регулативи за имплементација на Европскиот зелен договор.

Потребно е да се истакне дека проектот GSTD вклучува осум организации (синдикати и работодавачи) од шест земји: Италија, Полска, Шпанија, Словачка, Хрватска и Северна Македонија.

Истражувачката фаза што е спроведена во текот на развојниот дел од проектот опфаќала изработка на дополнителна студија со резултатите од онлајн анкетата што е спроведена во сите земји партнери. Таа испитувала неколку технички аспекти: возила со ниска емисија, урбано озеленување, дигитализација и присуство на Зелениот договор во општеството, како и други прашања, а особено оние што се однесуваат на работниците: условите за вработување и остварување на правата на информирање и консултирање, колективното преговарање и општествен дијалог.