ПравдаСветот на работникот

Договор за вработување со неполно работно време

Тема: Договор за вработување со неполно работно времеРаботното време се одредува во Договорот за вработување на работникот. Согласно Законот за работни односи максималното работно време во текот на една работна недела изнесува 40 часа, меѓутоа се почесто тоа станува флексибилна и променлива категорија.Законот предвидува можност да работното време биде пократко од полното работно време, односно станува збор за неполно работно време. Работникот на неполно работно време ги остварува своите договорни и други права и обврски, исто како и работниците со полно работно време, но пропорционално на времето за кое што склучил договорот за вработување.ПРАВИЛНО е да се смета дека работодавачот е тој кој што го организира и определува траењето ан работното време во претпријатието, притоа имајќи ги во предвид потребите на работата, нои на вработените. Работникот е должен да го почитува работното време.ПОГРЕШНО е да се смета работникот кој работи со скратено работно време нема право на годишен одмор, напротив тој има право на одмор со минимално времетрање од десет работни дена.Проф. д-р Лазар Јовевски