Владина комисија ќе контролира како се трошат грантовите за вработување
Од годинава реализацијата на оперативниот план за вработување и како се трошат грантовите за таа намена, ќе контролира и владина комисија. Освен екипи на Агенцијата за вработување на терен кај апликантите ќе бидат претставници и од повеќе министерства за да утврдат дали има злоупотреби на државните средства за отворање свои бизниси и вработување.
Освен екипи на Агенцијата за вработување контрола на имплементацијата на Оперативниот план за вработување и трошењето буџетски средства за негова реализација ќе врши и посебна владина комисија. Целта е да се избегнат можните злоупотреби на грантовите што ги доделува државата преку мерките за вработување.
Засега нема злоупотреба на грантовите кажаа надлежните. Голем број фирми функционираат а преку ланскиот план, вработување нашле 4.500 лица,
Најголем интерес има за мерката самовработување. Државата дава грантови од 7, 10 и 20 илјади евра во зависност од возраста и начинот на водење бизнис.
Во Струмица и регионот лани преку оперативниот план се вработиле 117 лица од кои 80 отсто се млади кои отвори свои бизниси.

