НовостиСветот на работникот

Стечајот на кавадаречки „Еуроникел“ нема да пречи за евентуална продажба

   Време за читање 1 минута

800 вработени од кавадаречки Еуроникел едвај чекаат да слушнат вест дека нивната фабрика добила нов сопственик, откако пред четири месеци швајцарско-бахамската Џи Сол тинствено го напушти поранешно ФЕНИ, исто како што пред шест години дојде до него.

Иако во моментов ништо не се произведува, 100 вработени внимаваат печаката да не изгасне и фабриката во кондиција да му ја предадат на новиот газда. Останатите 700 се дома, без никакви приходи. Сите заедно го чекаат петок, 2 февруари, кога очекуваат кавадаречкиот суд да отвори стечај, преку кој работниците се надеваат дека ќе си ги земат заостанатите плати.

Во меѓувреме, преговорите со заинтересираните инвеститори се во заврша фаза, дознава ТВ 24, иако од сопственикот на имотот и опремата Комерцијална банка нема потврда за тоа. Оттаму велат дека неколку компании се во игра, но заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, не се во можност да споделат повеќе информации. Од банката тврдат дека стечајот пред кој е фабриката, нема да пречи во продавањето на комбинатот.

Повеќе на ТВ24