Светот на работникот

Стоп за никотниските зависници – кој пуши, не може да работи

Стоп за никотниските зависници - Работник
186views

Американската компанија „Ју -хол интернешнел“ објавила дека ќе го прекине вработувањето на „никотниски корисници“, пушачи и корисници на електорнски цигари.

Компанијата за изнајмување на камиони со или без возач и за изнајмување на товарни приколки од разни големини, утврдила „кадровска политика без никотин“ која ќе стапи на сила од 1 февруари во 21 сојузни држави во САД каде таа работи, објавиле денеска локалните медиуми.

Претставници од компанијата рекле дека нема да бидат отпуштени веќе ангажираните возачи, пред таа политика да стапи во сила.

„Ју – хол интернешанел“ вработува 34, 000 луѓе ширум САД и Канада. Во секоја од 21 држави во кои ограничувањето стапува во сила, легално е да не се вработат луѓе кои се зависници од никотин, рекле претставниците од компанијата.

Работодавачите во 17 од тие држави имаат исто таква законска дозвола да персоналот го тестираат на никотин, рекле претставниците. Компанијата очекува дека политиката за вработување без никотин “ќе помогне за создавање на поздрава корпоративна култура“. Новата политика ќе биде насочена кон „здравјето на вработените, а истовремено ќе се намалат и трошоците за здравствена заштита“, соопштила компанијата.

„Ју – хол интернешанел“ вели дека од своите вработени, корисниците на цигари, не бара да плаќаат додатна премија за здравствено осигурување. Соопштила и дека „вложува во здравје и благосостојба“ на персоналот, вклучувајќи го и почетокот на изградбата на фитнес центар и „спорведување на фитнес и велнес програма за вработените“.

Некои болници и други здравствени установи во САД одамна имаат „политика на вработување без никотин“. Авиокомпанијата Алјаска ерлајнс тоа го прави уште од 1985 година, поради намалување на расходот за здравствената заштита и здравствените последици од пушењето. Покрај тоа, оваа авиокомпанија забранува пушење во околината на своите простории на аеродромите, па дури и надвор.