МакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Стојановски: Од градските советници зависи дали ќе има нормален јавен превоз во Скопје

   Време за читање 1 минута

Јавниот градски превоз во Скопје утрово функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот, по што автобусите на ЈСП Скопје се повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец. Во знак на солидарност прекинаа да возат и приватните автобуски превозници ! Околу 400 вработени во ЈСП се на предупредувачкиот протест пред просториите на градот Скопје, каде ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот за исплата на субвенциите. Од оваа одлука на градските советници ќе зависи дали ќе се нормализира јавниот градски превоз. Претседателот на Синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски за медиумите изјави дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје. -Советниците веќе неколку месеци не ја носат одлуката за субвенционирање на буџетот. Ако денеска седницата заврши како што бараат вработените, тогаш попладне и навечер, јавниот превоз ќе функционира нормално. Ако се донесе парцијална одлука, месец за месец, тогаш јавниот превоз нема да се одвива во Скопје, кажа Стојановски.