Судиите поротници нема да работат се додека не добијат хонорар за декември
Време за читање помалку од минута
Судиите поротници го стопираа вршењето на својата функција затоа што немаат земено хонорари за месец декември. Тие преку соопштение известија дека Независниот синдикат на судии поротници во повеќе наврати барал од Судскиот совет, министерот за правда, како и самите судови да ги разгледаат нивните барања за подобрување на условите за работа на судиите поротници.
Додаваат и дека за бараното покачувањена нивните плати воопшто и не се говори иако Судски совет ги задолжи судовите да достават податоци за да се изготви проекција за измена на износите.
Latest posts by Редакција (see all)
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025