Светот на работникот

Сѐ повеќе наставници ѝ отстапуваат место на вештачката интелигенција во училниците

Ново истражување на „Галуп“ покажува дека 60 отсто од наставниците во американските основни и средни училишта користат некаква форма на алатки со вештачка интелигенција (ВИ) во нивната работа. Најчесто ја користат за креирање работни листови или активности, за персонализација на наставните материјали според потребите на учениците и за подготовка на часови.

Заштеденото време, кое во извештајот се нарекува „ВИ-дивиденда“, наводно им се враќа на учениците преку повеќе внимание од страна на наставниците и подобрување на односот со нив.

Повеќе на Факултети