СÈ ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ЗА ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ, А ПОМАЛКУ ЗА КОМПАНИИТЕ
И компаниите и граѓаните годинава се очекува да бараат повеќе кредити од банките, но поголеми се шансите граѓаните да добијат поголема финансиска поддршка од банките отколку корпоративниот сектор. Тоа го навестуваат досегашните кредитни политики на банките.
Во последните години обемот на вкупни кредити на банките кон домаќинствата се доближува до износот на вкупни кредити кон компаниите. И вкупната кредитната изложеност на банките кон други финансиски институции и кон државата речиси е еднаква со изложеноста кон корпоративниот сектор.
Податоците на Народната банка за кредитната активност на банките во земјава заклучно со декември 2023 година покажуваат дека банките имаат пласирано кредити во вкупен износ од 244.795 милиони денари кај домаќинствата. Кредитната изложеност кон компаниите изнесува 276.240 милиони денари, а кон финансиските институции и кон државата 268.448 милиони денари. Ова практично значи дека трите сектори се речиси изедначени.
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/se-povekje-krediti-za-drzavata-i-gragjanite-a-pomalku-za-kompaniite/
- Наполнила 65 години, родила пет деца, но останала без пензија: Хрватскиот закон не ја признава грижата за деца како работен стаж - 12/06/2025
- И со плата од 2 милиони долари Мета нe може да ги задржи ВИ талентите - 12/06/2025
- Берлин на пат да го престигне Минхен: Германската престолнина се издигнува како нов економски центар - 12/06/2025