- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ТВОЈА партија: Фаворизирањето може да има далекусежни последици

124views

Твоја партија, свртува внимание на расправата одржана во рамките на собраниската Комисија за култура одржана на 29.12.2020 година.

Расправата е одржана без присуство на дел од засегнатите структури  (СКРМ & СОНК),  во атмосфера на очигледно фаворизирање на претставниците на  независни културни работници и незатскриен анимозитет кон институциите од областа на културата.

Посебно загрижува предлогот за преземање на дел од надлежностите поврзани со културата од страна на локалната самоуправа во услови на невоедначена реализација на  децентрализацијата на локално ниво (и посебно фискалната децентрализација), што најнегативно ќе се одрази на покрупните културни институции (посебно оние со предзнак “Национални установи“).
Ваквиот пристап може да има далекусежни негативни последици (узурпација на постоечките објекти од областа на културата) и префрлање на големи средства на уметници-поединци наместо на веќе докажани колективитети.

Твоја партија свртува внимание на фактот дека токму културните институции претставуваат еден од главните носители и промотори на колективната меморија, на мултикултурните вредности и културното наследство како еден од основните брендови на Македонија.