МакедонијаПравда

ТВ21: Дали учениците ќе се вратат во клупите?! – Учебната година зависи од епидемиолошката состојба, но и политиката

Дали учениците ќе се вратат во клупите?! - Работник
109views

И по неколкуте средби меѓу МОН и здравствените експерти, сѐ уште нема конечна одлука за старт на новата учебна година. Судбината на учениците од прво одделение и повторното отворање на училиштата зависи од епидемиолошката состојба со Ковид-19, како и од формирањето на Собрание. Ако има влошување на состојбата со коронавирус и ако немаме функционално Собрание, тогаш може да дојде до пролонгирање на учебната година, изјави министерот за образование и наука, Арбр Адеми, без да прецизира колку би траело задоцнувањето.

„За било кој модел за кој ќе се определиме од овие три, неопходно е да имаме законски измени во Законот за основно и средно образование. За да имаме измени мора да имаме функционално Собрание, што значи дека може да дојде до пролонгирање на учебната година. Ако немаме функционално Собрание и ако имаме влошување на епидемиолошката состојба може да се пролонгира учебната година“, истакна Арбер Адеми.

Првиот човек на МОН, вели дека е „за“ учениците да се вратат во школските клупи, но како што тврди, тоа не зависи од него.

„Секогаш кога има мал број ученици може да се организира ваков вид настава во одделенијата, додека во училиштата каде има поголем број ученици, односно повеќе од 20 и каде не може да се обезбеди физичка дистанца од 1.5 метри, тогаш учениците ќе се поделат во помали групи или ќе се организира настава во повеќе групи, или пак, едната група ќе ја следи наставата со физичко присуство, а другата пак, една недела ќе следи онлајн настава во реално време. Сите лекции на наставниците ќе се реализираат преку современи уреди на електронска комуникација“, додаде Арбер Адеми.

Универзитетскиот професор, Башким Зибери, ги обвини образовните институции, поради тоа што три недели пред почетокот на учебната година, сѐ уште не ги дефинирале протоколите.

„Дефинитивно од моја гледна точка многу доцниме, од многу аспекти реално. Не само од аспект на организација на наставниот процес во основните училишта, средните и универзитетите, туку и за претходна подготовка за успешна школска година“, вели Башким Зибери.

Адеми вели дека се разгледуваат трите модели за одржување настава. Првиот модел со физичко присуство, вториот – преку онлајн платформи, и третиот модел комбинирана настава.

Извор: ТВ21