Темелковски: Студентите не сакаат враќање на онлајн-настава
Во изработката на Национална стратегија за млади 2023 – 2027 кој ќе се работи наредниве два месец преку работни групи ќе бидат вклучени државните институции, единиците на локална самоуправа, граѓански организации, меѓународната заедница и сите други засегнати страни за младински политики кои преку работни групи во наредните два месец ќе работат на креирање одржливи политики. Меѓу говорниците на почетокот на овој проект беше и Славчо Темелковски, лидерот на студентите при УКИМ.
-Покрај подигнувањето на стандардот на студентите како главните приоритети и подобрување на квалитетот на образованието, една од нашите приоритетни заложби ќе биде враќање на студенскиот дух и амбиентот меѓу студентите по двегодишната пауза наметната од пандемијата со корона вирусот и онлајн наставата. Ќе ја искажам нашата загриженост околу гласините кои кружат меѓу студентите, професорите и јавноста со повторно враќање на онлајн настава како решение за справување со енергентската криза. Тоа според нас не е решение и доколку се спроведе ќе има последици на долг рок, односно изгубени генерации кои не оствариле никаков контакт со своите колеги, неквалитетно работоспособно население како и дирекни импликации врз продуктивноста и проактивниот живот на студентите, порача меѓу другото од говорницата Темелковски.