НовостиСветСветот на работникот

Тенкови место возила – германскиот пазар на труд се менува

   Време за читање 1 минута

Во германската индустрија има ново мешање на картите: додека во германски водечки компании како Фолксваген се губат работни места, производителите на тенкови и крстосувачки ракети очајно бараат нови вработени.

Една неодамнешна студија на консултантската куќа EY и Декабанк претпоставува дека „според сегашните бројки, европските земји на НАТО во наредните години во вооружување ќе инвестираат 72 милијарди евра годишно, со што ќе се отворат или осигураат 680.000 работни места во Европа“, пишува Дојче Веле.

Студијата на консултантската компанија „Карни“ доаѓа до слични резултати. Сепак, точниот број на квалификувани работници што недостасуваат зависи од тоа колку ќе се вооружуваат европските НАТО-држави. Ако тие во иднина трошат два отсто од своето економско постигнување на вооружување, како што налагаат правилата на НАТО, до 2030 година ќе има недостиг од околу 160.000 квалификувани работници.

Производителите на артилериско оружје, радарска технологија и мотори за гасеничари, со оглед на очекуваната поплава на нарачки, не само што бараат нови работници, туку се во потрага и по производствени локации.

Извор: Дојче Веле