Токсичните шефови продолжуваат да доминираат: „Ние им даваме моќ“

Мобингот денес, за жал, е општа појава во деловниот свет, со која работниците се потешко се носат. Овој проблем е особено изразен кога работниците долго и „суптилно“ изложени на токсично работно опкружување, а за тоа да не се свесни.

Не е ни тајна дека терминот „токсичен шеф“ или на англиски јазик – toxic boss, кој на работниците им го загорчува животот секој ден, а сепак, тие не прават ништо по тоа прашање. Зошто?

CNBC ја отворил оваа тема со прашањето: Ако токсичните шефови се толку страшни, зошто луѓето и понатаму ги следат?

„Тоа има доста врска со начинот на кој вашиот ум функционира“, вели Роналд Риџио, професор по лидерство и организациска психологија на колеџот Claremont McKenna. Риџио поминал речиси три децении во истражување и подучување на оваа тема, додека работел како консултант за десетина организации.

Вели дека многу лошите шефови не се способни да водат тимови, бидејќи често се нарцисоиодни, не се грижат вистински за своите вработени и дека ги кршат етичките правила – за да ги постигнат најдобрите резултати.

Сепак, многу од тие менаџери имаат обожаватели и лесно заземаат положба на моќ – од деловните подрачја до политиката, вели Риџио.

Тој за пример зема 57 земји во светот кој моментално ги водат диктатори, а кои овој професор ги опишува како неетички, нестабилни или некомпетентни.

Луѓето не можат секогаш да знаат дека ќе имаат токсичен шеф во текот на интервјуто за работа, но еднаш кога ќе дојдат во фирмата, можат да останат посветени на лошите менаџери со месеци или години – најмногу поради тоа што имаат погрешна идеја за тоа како изгледа добро водство или затоа што се обидуваат да извлечат лична корист, вели Риџио.

„Често тоа се нашите сопствени човечки склоности; ние ги одржуваме моќни“, истакнал професорот по лидерство и издвоил четири најголеми конкретни причини зошто луѓето ги следат лошите лидери.

Sagorevanje na poslu, posao, problemi na poslu

Фото: Shutterstock

Ароганцијата не е исто што е силата

Сепак, луѓето неретко ги мешаат овие две, истовремено поистоветувајќи ја и нарцисоидноста со силата. Силата и самодовербата можат да бидат важни лидерски квалитети, но не треба да се мешаат со ароганцијата, вели Риџио.

Студијата на Универзитетот во Амстердам од 2011 година, по случаен избор им доделила лидери на различни групи на учесници, а секој тим правел и групни задачи. Секој тим бил замолен дополнително да го оцени својот лидер. Учесниците најнарцисоидните лидери ги оцениле како најефикасни, дури и откако тие лидери, ја нарушувале комуникацијата и правеле штета врз резултатите на таа група.

Едноставно, нарцисоидните шефови имаат моќ да ги убедат работниците дека секогаш се во право, па ја одбиваат помошта од другите и не учат од своите грешки. Риџио вели дека нас „не привлекуваат луѓе кои делуваат компетентно за да можат да ја преземат одговороноста и да водат“.

Паѓање во „когнитивна мразеливост“

Ако некогаш сте имале лош шеф, најверојатно сте помислиле во себе: „Не сакам да се потрудам да сфатам како да се носам со оваа ситуација. Делува исцрпувачки“.

„Стануваме мрзеливи и ги прифаќаме работите онакви какви што се“, вели ценетиот психолог за CNBC, наведувајќи дека кога лошиот шеф ќе направи нешто погрешно, луѓето често му даваат зелено светло, наместо да го сметаат за одговорен оти сметаат дека шефот е над правилата.

Тоа може да му дозволи на шефот да се впушти во уште полошо однесување без последици. Луѓето исто така имаат тенденција да им веруваат на оние кои им се слични, забележува Риџио. „Ако изгледа дека вашите соработници го поддржуваат вашиот лош шеф, можеби ќе се чувствувате принудени да го следите стадото наместо да заземете став, а вашиот шеф би можел без никаков проблем на остане на моќната положба“.

 

svađa na poslu, mobing

Фото: Shutterstock

Изедначување на добрите резултати со добро водство

За вас – вашиот шеф би требало да биде отворен менаџер. За некој друг – тој мкже да биде некој кој носи добри резултати, како што е зголемување на профитот.

„За таквите лидери, целите ги оправдуваат средствата“, вели Риџио и додава дека ако делуваат ефикасно, луѓето едноставно не прашуваат како стигнале таму. Лошите шефови можат да изгледаат ефикасни во постигнувањето на добри резултати, но тоа често вклучува колатерална штета, како што е создавање на токсично работно место преку лош третман на вработените или носење на неетички одлуки.

Сепак, истражувањето на Здружението за управување со човечки ресурси покажува дека токсичното работно место на крајот може да има влијание врз деловниот резултат, особено имајќи ја во предвид цената на флуктуацијата – ако токсичните лица успеат да ги избркаат вработените, пишува CNBC.

Луѓето уживаат во моќта на обединувањето

Шефоците често имаат моќ внатре во компанијата или групата. Риџио вели дека некои луѓе им потпомагаат на најлошите особини на менаџерите со надеж дека ќе бидат наградени за лојалноста преку унапредување или зголемување на платата.

„Лошиот лидер привлекува приврзани луѓе кои го опкржуваат, бидејќи тие сакаат да бидат поврзани со моќна личност“, објаснува експертот. Ги поттикнува луѓето да ги препознаваат овие важни психолошки тенденции за да знаат дали работат за токсичен шеф.

Риџио појаснува и дека добриот шеф, кога некој ќе постигне резултати со ограничување на колатералната штета, покажува вистинска грижа за своите вработени и ги прифаќа помошта и повратните информации од другите.

„Добрите шефови го оставаат го оставаат тимот во подобра ситуација од таа што ја затекнале“, вели тој.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock