Светот на работникот

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ РАБОТНИ МЕСТА – Најбарани се на пазарот

Платформата за вработување Indeed објави листа на најдобрите работни места за 2025 година, базирана врз висината на платите, флексибилноста и побарувачката на пазарот на труд. Највисоко рангирани занимања се градежни инженери, адвокати и лекари – професии кои и понатаму доминираат.

Според „Indeed“, за да се најде на оваа листа, едно занимање морало да има:

  • просечна годишна плата од најмалку 75.000 долари,
  • најмалку 5% од огласите да нудат работа на далечина или хибриден модел,
  • и зголемување од најмалку 20% во бројот на огласи од декември 2021 до декември 2024 година.

Кариерната експертка од „Indeed“, Габриел Дејвис, вели дека листата покажува голема разновидност:

„Некои занимања бараат технички вештини или специјализирано образование, но постојат и алтернативни патишта за влез, што ја прави оваа листа достапна за лица кои сакаат да започнат нова кариера.“

Топ 10 најдобро платени и најбарани занимања за 2025 година:

10. Структурен инженер
– Просечна плата: 110.725 долари
– Раст на огласи: 127%
– Работа на далечина/хибридно: 18,8%

9. Инженер за противпожарна заштита
– Просечна плата: 110.000 долари
– Раст на огласи: 136%
– Работа на далечина/хибридно: 12,4%

8. Клинички психолог
– Просечна плата: 118.597 долари
– Раст на огласи: 75%
– Работа на далечина/хибридно: 34,6%
Забелешка: Потребна е докторска диплома и лиценцирање според државните закони.

7. Регионален менаџер за продажба
– Просечна плата: 80.348 долари
– Раст на огласи: 43%
– Работа на далечина/хибридно: 19,9%

6. Адвокат
– Просечна плата: 145.168 долари
– Раст на огласи: 90%
– Работа на далечина/хибридно: 28,6%
Започнува со долгогодишно образование, при што младите адвокати обично почнуваат како соработници.

5. Проценител (Estimator)
– Просечна плата: 99.592 долари
– Раст на огласи: 51%
– Работа на далечина/хибридно: 6,8%

4. Градежен инженер
– Просечна плата: 100.872 долари
– Раст на огласи: 104%
– Работа на далечина/хибридно: 12,2%
Пожелно е да имаат дипломи од акредитирани програми и искуство преку пракса.

3. Лекар
– Просечна плата: 225.000 долари
– Раст на огласи: 76%
– Работа на далечина/хибридно: 5,3%
Бара докторска диплома и клиничка обука (интернатура, специјализација).

2. Комерцијалист (Sales Representative)
– Просечна плата: 182.487 долари
– Раст на огласи: 76%
– Работа на далечина/хибридно: 15,7%
Често се избира од лица кои прават промена на кариера, особено поранешни наставници.

1. Ветеринар
– Просечна плата: 139.999 долари
– Раст на огласи: 124%
– Работа на далечина/хибридно: 7,3%
Зголеменото сопствеништво на миленичиња ја зголемува побарувачката за ветеринари во САД.

Извор: Bizportal.rs