СветСветот на работникот

UPS планира укинување на 20.000 работни места и затворање на над 70 објекти ширум светот

Американската компанија за достава UPS планира да укине околу 20.000 работни места и да затвори повеќе од 70 објекти ширум светот, како дел од мерките за намалување на трошоците.

Овие чекори следат откако компанијата објави дека ќе го намали обемот на соработка со Amazon, својот најголем клиент. Во првото тримесечје од оваа година, UPS оствари добивка од 1,2 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека до крајот на јуни ќе затвори вкупно 73 објекти кои ги изнајмува или ги поседува, пренесе агенцијата AFP, а ја цитира Seebiz. Во моментот, UPS вработува околу 490.000 луѓе на глобално ниво.

„Овој потег е дел од нашата трансформација во услови на променливо трговско опкружување“, изјави извршната директорка на UPS, Керол Том.

И покрај овие отпуштања, добивката на компанијата во првите три месеци од годинава порасна за 7,2 проценти, достигнувајќи 1,2 милијарди долари. Сепак, приходите се намалија за 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, и изнесуваат 21,5 милијарди долари.

Компанијата уште во јануари најави дека до втората половина на 2026 година ќе ја преполови количината на пратки кои ги испорачува за Amazon.

Имајќи ја предвид сегашната макроекономска неизвесност, UPS одлучи да не ја ажурира својата бизнис прогноза за тековната година, известува AFP.

Извор: Bizportal.rs