Трендови на работните места во 2025: Навигирање низ иднината на работата
Како што се доближуваме до 2025 година, светот на работата, под влијание на напредокот на технологијата, продолжува брзо да еволуира. Како резултат на тоа, општествените норми и променливите потреби на работниците константно се менуваат. Еве неколку трендови кои ќе ги обликуваат работните места следната година:
Хибриден модел на работа
Традиционалната работна недела (од 9 до 5) пополека останува во минатото. Хибридните работни модели, кои ги комбинираат работата на далечина и работата во канцеларија стануваат новата норма. Вработените ја ценат флексибилноста и автономијата која доаѓа од овој начин на работа, кој носи до зголемено задоволство од работата и поголема продуктивност.
Фокусирање на благосостојбата на вработените
Компаниите ставаат поголем акцент на благосостојбата на вработените. Ова вклучува поддршка за ментално здравје, wellness програми и креирање на позитивно работно опкружување. Работодавачите препознаваат дека за работното место да биде продуктивно, пред сѐ е потребно да биде здраво, па затоа инвестираат во ресурси за поддршка на нивните вработени.
Растот на Гиг економијата
Гиг економијата продолжува да расте поради сѐ поголемото ангажирање на фриленсери од страна на компаниите за да ги исполнат нивните краткорочни бизнис потреби. Овој тренд им овозможува поголема флексибилност и заштеда на пари на работодавачите, а на работниците им овозможува различни можности.
Континуирано учење и развој
Брзото напредување на технологијата создава поголема потреба за континуирано учење и развој. Компаниите инвестираат во програми за обуки за да ги „оружаат“ вработените со вештините кои им се потребни за идните предизвици.
Поголем акцент на Различноста, Правичноста и Инклузијата (РПИ)
РПИ останува еден од најголемите приоритети на многу организации. Компаниите работат на креирање инклузивни работни места, каде работниците со различни позадини ќе се чувствуваат вреднувано и поддржано. Ова вклучува имплементирање на политики и практики кои ги промовираат различноста и правичноста на сите нивоа на организацијата.
Работа на далечина со поддршка на партнерот (Remote Husbanding)
Новиот тренд кој се појавува во 2025 година предвидува паровите да ја приоретизираат кариерата на еден од партнерите со тоа што едниот од нив ќе работи на далечина. Ова овозможува поголема флексибилност и баланс помеѓу работата и приватниот живот, бидејќи двата партнери можат да напредуваат во професионалниот живот без да бидат „врзани“ на една локација.
Молчешкум работи хибридно
Како што барањата од работодавачите вработените да се вратат во канцелариите растат, некои компании молчешкум им овозможуваат на вработените да продолжат да работат на далечина. Овој тренд на вработените им ја овозможува флексибилноста која ја посакуваат додека се справуваат со предизвиците од хибридниот модел на работа.
Одјавување со кафе (Coffee Badging)
„Одјавување со кафе“ е тренд каде вработените на кратко ја посетуваат канцеларијата, се најавуваат и земаат кафе пред да продолжат да работат на далечина остатокот од денот. Ова им овозможува на работниците да ги исполнуваат критериумите за присуство, но истовремено и да уживаат во флексибилноста на работата на далечина.
Простори за самување (Alonement Spaces)
За да ги поддржат интровертите, компаниите креираат „самечки“ простори – удобни, тивки места каде вработените можат да работат без никакви пречки. Овие простории им овозможуваат пауза од вревата во канцеларијата на оние на кои им е најпотребно тоа.
Темпирање на задачите (Task Waiting)
„Темпирањето на задачите“ вклучува стратешки пристап за извршување на приоритетните задачи кога вработените се најмногу фокусирани. Со ова, тие ја максимизираат продуктивноста, а го минимизираат бурноутот (согорувањето).
Овие трендови ја потенцираат континуираната трансформација на работните места во време кога компаниите се адаптираат на промените и барањата на вработените. Преку прифаќање на овие трендови, организациите можат да создадат пофлексибилно, по-инклузивно и по-поддржувачко работно опкружување.
Фото: Freepik
- КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊЕТО „КОЛКАВА ПЛАТА ОЧЕКУВАТЕ?“ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ НА ИЗАБЕЛА ШКОФ, СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА [Видео интервју] - 17/04/2025
- МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ВИСОКО АНГАЖИРАНИ, НО МНОГУ ГНЕВНИ: Состојбата во Европа со ангажираноста на вработените со акцент на Македонија - 13/04/2025
- ЕДНО ПРАШАЊЕ: КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ МОБИНГ? - 10/04/2025