ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Тренчевска: Исплаќањето на минималната плата од 18,000 денари ќе биде под постојана контрола од инспекторатот

Законот мора да важи за сите и Законот за минимална плата со којшто е утврдено дека минималната плата не смее да биде под 18,000 денари, рече Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во интервјуото за Радио Слободна Европа.

Таа истакна дека ова е уште едно системско решение кое значи постојан раст на платите во државата и овде главна улога ќе има Државниот инспекторат за труд.

Ќе бидат зајакнети конторлите со исплатата на мартовската плата. Од 1 април, па до 15, платите мора да бидат исплатени кај сите работодавачи. Државниот инспекторат за труд ќе има интензивни контроли, за да утврдат дали сите работодавачи го почитуваат Законот за минимална плата. Контролите ќе бидат особено во оние фирми коишто и во минатото, според евиденцијата на Државниот инспекторат за труд, коишто се јавуваат како работодавачи коишто не ги почитуваат работничките права, рече Тренчевска.

На прашањето дали со зголемувањето на минималната плата, ќе се зголемат останатите плати, Тренчевска рече дека усогласувањето на платите се регулира со Колективните договори.

Усогласувањето на останатите плати со минималната плата, треба да биде договор помеѓу социјалните партнери, односно синдикатите и работодавачите. Се ќе зависи од договорот помеѓу овие партнери, истакна Тренчевска.