МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

ТРИТЕ СИНДИКАТИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО САБОТА НА ПРОТЕСТ – ПРИЧИНИТЕ СЕ ПОВЕЌЕБРОЈНИ

   Време за читање 1 минута

Синдикатите кои ги претставуваат вработените во Затворот Гевгелија во сабота ќе организираат протест поради, како што велат, неостварувањето на елементарните права кои им следуваат согласно законите, но и оние кои ги имаат добиено преку суд, а се‘ уште не се почитуваат.

Синдикатот на администрација и државна управа – САДУ, Независниот синдикат на државна администрација и УПОЗ, кои заедно го организираат овој протест имаат повеќе повеќе барања, за кои веќе четири години барале состанок со директорот на Затворот, но не наишле на слух.

Затвор Гевгелија 1

Дел од нивните барања се:

  • Како и во останатите установи во државата, редовната смена да си ги обавува своите задолженија комплет без притоа истата да се ослабнува и од неа организира спровод
  • Сразмерно зголемување -усогласување на платите по вертикала согласно минималната плата.
  • Конкретно за спровод да бидат ангажирани затворски полицајци кои се во приправност т.е два дена слободни. По потреба и од смената која треба да биде ноќна смена
  • Да се задолжат со лично вооружување и средства за врзување тие што немаат,
  • Замена на бравите на вратите начинот на затварање (поцврст) и систем како во банка да не се отвара врата 3 додека врата 2 не е затворена
  • Набљудувачница над шеталиштето во Притворот
  • Скенер (компјутер – тунел).
  • Дрегер за алкотест
  • Униформа
  • Хемиски средства (солзавец)
  • Централно радио во притвор

На протестот ќе се приклучат и вработени кои не се членови на синдикатите.

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.