НовостиСветот на работникот

Трошановски: Во департизацијата на администрацијата може да помогне само растот на приватниот сектор и платите

   Време за читање помалку од минута

„Во департизацијата на администрацијата може да помогне само растот на приватниот сектор и платите. Мотивацијата, во нашите истражувања, каде што сме ги испитувале луѓето кои се нивните мотиви за членство во политичка партија, 80 отсто од луѓето одговорија поради лични интереси“ рече Марко Трошановски од претседател на Институтот за демократија на интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека порастот на платите во приватниот сектор би го направиле вработувањето во јавниот сектор неатрактивна опција.

„Тоа би било пат кој би ја намалил департизацијата. Мислам дека тоа е во доменот на добрите надежи. Најмногу трпиме од аспект на ефикасност на перформанс на квалитетна испорака на административни услуги. Она на што треба да се фокусираме е ефикасноста на администрацијата“, заклучи Трошановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *