МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Трудовиот инспекторат ја поништил одлуката на АД „ЕСМ“ за распоредување на Димче Грков во Кичево

Трудовиот инспекторат ја поништил - Работник
734views

Државниот инспекторат за труд ја поништи како незаконита, одлуката на АД ЕСМ за распоредување на работа во Кичево од Скопје, на Димче Грков, Претседател на Синдикалната Организација Енергетика при АД ЕЛЕМ, стои во објавата на веб страната на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ. 

„Ова е уште една потврда, на она што го говориме, дека работодавачот АД ЕСМ (ЕЛЕМ), спречува слободно синдикално делување, здружување и одлучување, што е потврдено и со повеќе правосилни судски пресуди во корист на синдикатот

Дали раководството на АД ЕСМ ќе почне да ги почитува законите и донесените одлуки, НЕ , НЕ ГИ ПОЧИТУВА И НЕ ПОСТАПУВА ПО ИЗВРШНИ ПРЕСУДИ И ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ОД ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРАТ“, навеодоа од ССЕРИ

 Истакнаа дека ССЕРИ, најстрого го осудува непочитувањето на владеењето на правото и очекува реакции од повисоки инстанци.