НовостиСветот на работникот

Убавото работно опкружување може да биде потоксично отколку што мислите, вели професорката по психологија

   Време за читање 5 минути

Подготвил: Бобан Илијевски

Токсичната култура на работното место била еден од најголемите виновници за „Големиот отказ“, кога еден куп работници давале отказ од работа или ја менувале кариерата во текот на постпандемиската ера.

Но од тогаш, некои компании започнале да ја усвојуваат „културата на љубезност“ – што би можело да биде еднакво штетно како и токсичноста, рекол еден социјален психолог.

„Постоеше голем напор околу добротијата и љубезноста на работа, емпатијата и грижата – што очигледно се добри карактеристики. Но, она што на крајот се случува е некакво спротивставување на јасната комуникација и конфронтација, дури и кога тоа е неопходно“. Ова за CNBC Make It го изјавила Теса Вест, која исто така е професорка по психологија на NYU.

Мнозинството би се согласиле дека работното место е токсично кога нема почит, инклузија, етика и кога можат да се слушнат навреди. Меѓутоа, спротивноста на токсичноста, не се виножитото и сонцето, туку сигурниот простор за повратни информации и разговори од критична важност, посочила Вест.

Знаењето како да примате и давате искрени повратни информации е „апсолутно важна состојка“ за развој на кариерата.

Постои оваа лажна дихтомија: ако сте кртични, тоа значи дека сте токсични. Позитивни повратни информации? Тоа е она што го сакаат луѓето. Но убавото не секогаш е подобро. Понекогаш е убаво да се појави полицаецот“, рекла Вест.

Предупредувачки знаци

За Теса Вест, најголем знак за „преголемо добро“ на работното место е кога постои изобилство на „пријателски увертири“.

„Пријателските увертири кои се супер генерички и можат да се применат на било кој, како што е ‘Тие се одлични. Со нив е преубаво да се работи’. Тие, всушност, не кажуваат ништо“, објаснила Вест.

Тоа е најголемото црвено знаменце за културата на љубезноста во која луѓето чувствуваат психолошка сигурност да зборуваат за предностите и слабостите.

Иронично, најдобриот начин да се уништи психолошката сигурност е низ културата на љубезноста, бидејќи не знаете што некој навистина мисли.

Односите на работа над резултатите

И ова може да доведе до медиокритет, кој авторот на бестселерот и психолог Адам Грант го смета за еден од четирите смртни гревови на работните места.

„Нема одговорност. Луѓето се толку загрижени што се согласуваат дека на крајот изгубиле добра работа. Во медиократијата, дури и ако работите ужасно, и понатаму можете да напредувате се додека луѓето ве сакаат“, додал Грант.

Вест рекла дека културата на љубезност може да се манифестира и во облик на пасивна агресија, каде лошите намери се маскираат со насмевка.

Или уште полошо, ако вашиот менаџер е навикнат на пријателски воведи, секоја критичка повратна информација која ќе ја добие за него ќе биде „како лавина на негативности“.

„Бидејќи менаџерите воопшто не се навикнати на тоа и не знаат како да го проголтаат, ќе ја намали нивната психолошка сигурност на работа, ќе ги избезуми“, образложила Вест.

Токсична позитивност

На крајот на краиштата, културата на љубезност создава неизвесност, бидејќи никој и ниедно работно место не е „толку позитивно“, истакнала Вест.

„Иронично, најдобриот начин да се уништи психолошката сигурност е низ култура на љубезност, бидејќи навистина не знаете за што некој размислува“, рекла таа.

Вест тоа го споредува со токсичната позитивност, што е уверување дека луѓето секогаш треба да одржуваат позитивен начин на размислување – дури и во лоши ситуации.

Не само што „преголемата љубезност“ ќе ја оштети психолошката сигурност на работното место, туку може да биде штетно и за кариерата.

„На крајот на денот, никој од нас не може да се подобри без критични повратни информации – нема да станете подобри во својата работа и нема да научите како подобро да управувате со луѓето“, објаснила Вест.

Ослободување од културата на убавото

Критички повратни информации не се: „Не ми се допаѓа тоа што го направи, ова е лошо“. Критички повратни информации се: „Ова е начинот на кој си го направил тоа. Ајде да разговараме за тоа како можеш да го направиш подобро.

Ако сакате да се ослободите од културата на љубезноста, Вест истакнала дека можете да започнете така што ќе побарате искрени и конструктивни повратни информации за себеси.

Барајте ги работите кои луѓето не ги сметаат за закана, а кои не ја кршат нормата на љубезноста.

„Започнете со кратки прашања, а потоа напредувајте до работите кои се малку покритични по природа“, рекла Вест.

 

Извор: BIZlife

Фото: Pexels

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси