- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Унијата на ЗМСТАС со поддршка за медицинскиот персонал и помош каде што е потребна

118views

Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ им го честита 7 април -Денот на здравјето на сите здравствени работници во земјава и ја нуди својата помош онаму каде што е потребна во услови кога државата се соочува со коронавирусот.

– Во овие несекојдневни моменти кога хуманоста, несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот персонал е на највисоко ниво, сакаме да изразиме огромна балгодарност до персоналот на Инфективната клиника во Скопје, Одделите за инфективни болести во Куманово, Дебар….. ЈЗУ ГОБ 8 Септември – Скопје и секаде каде медицинските сестри се во првите борбени редови против коронавирусот. Во името на Унијата и здружението „За нас“ сакаме да упатиме поддршка и помош секаде каде е потребна, на нзчин на којшто сите вие може да ни се посветувате. Ве замолуваме да не контактирате за се она за кое сметате дека можеме да помогнеме, се вели во обраќањето до јавноста.

Повеќе прочитајте на Либертас.мк

Advertisement