ЕкономијаМакедонијаНовости

Усвоен законот за помош од 6.000 денари, стапува на сила веднаш

521views

Пратениците денеска го усвоија Законот за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, примателите на социјална помош, самохраните родители, децата без родители, уметниците, филмските работници.

Сите овие граѓани ќе добијат по шест илјади денари за купување на македонски производи. Наместо на посебни картички како што беше претходно, граѓаните сега парите ќе ги добијат на трансакциските сметка, а во меѓувреме оние кои немаат ќе треба да отворат сметки.

Законот стапува на сила веднаш по објавувањето во службен весник.

Advertisement