МакедонијаСиндикат

Успешно завршени третите синдикални спортски игри на СОНК

Фејсбук статус на претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Успешно завршени третите синдикални спортски игри на СОНК, на која што славеа најдобрите, како и сите останати 250 учесници и гости.
На овој настан беше одбележан и јубилејот на СОНК, односно се славеше дваесетиот роденден на нашиот синдикат, 20 години самостојност и независност.
Роденденската прослава ја збогатија братските синдикати за образование од регионот, за што изразуваме голема благодарност до синдикатите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.
Присуството на највисокото раководството на овие синдикати беше искористено за размена на синдикални искуства и анализа на состојбите во споменатите држави од аспект на остварување на работничките права.
Благодарност до сите оние кои помогнаа оваа манифестација да биде величествена и ја покажаа вистинската слика за СОНК како синдикат во кој владее единството, колегијалноста, почитта, силата, моќта…..

ЗАПОЧНАВМЕ ХРАБРО, ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ВИЗИЈА.