ПравдаСветСветот на работникот

„УТРЕ НЕ ДОАЃАЈТЕ НА РАБОТА“ СМС ПОРАКА ЗА 2.700 РАБОТНИЦИ: Фабрика за мебел ги отпушти преку ноќ

Компанијата за мебел United Furniture Industries  со седиште во Мисисипи, која стана еден од најголемите производители на мебел во земјата, ја отпушти речиси целата своја работна сила преку е-пошта и СМС порака два дена пред Денот на благодарноста.

Околу 2.700 работници, од кои повеќето живеат во североисточниот дел на Мисисипи, а други во Северна Каролина и Калифорнија, останаа без работа во вторникот рано наутро.

Известувањето за отказите им пристигнал буквално преку ноќ, додека многумина спиеле, пишува Daily Mail.

United Furniture Industries испрати е-пошта и СМС порака до работниците во понеделникот доцна навечер, во која им порача да не се јавуваат за смените во вторник.

Отпуштањата дојдоа откако економските експерти ја потврдија рецесијата во 2023 година.

Во дописот се наведува дека отказите се извршени „по инструкции на управниот одбор“, каде се наведува:

„Со жалење ве известуваме дека поради непредвидени деловни околности, компанијата беше принудена да донесе тешка одлука да го прекине работниот однос на сите свои вработени, со стапување во сила веднаш од 21 ноември“, се вели во пораката.

Пораката, исто така, ги информира работниците дека „отпуштањето од компанијата се очекува да биде трајно и сите бенефиции ќе бидат прекинати веднаш без обезбедување на COBRA“, повикувајќи се на федералниот закон кој им дава можност на луѓето кои ќе ја загубат својата работа да го задржат своето здравствено осигурување платено од работодавачот.

ФОТО: YouTube