Уште еден еклатантен пример за продолжено уништување на професионализмот во МВР-АНБ.
На долгогодишен припадник на ДБК/АНБ му е доставено решение за отказ заради непродолжен безбедносен сертификат. На кој начин е доставен, тоа е друга насилничка приказна. На 24 часа пред новогодишната ноќ!
Дискриминацијата е очигледна заради тоа што на одредени високи фунции сеуште извршуваат задачи поединци без безбедносни сертификати. Поединци примени по “непозната формула” кои воопшто и немаат такви сертификати. Поединци кои вршат функции на највисоко место во СВР без потребните акредитации за сертификати за тоа место. Но зошто баш овој колега добил отказно решение?
Нашата претпоставка е едноставна-неподобен, не е послушник, не е полтрон и секако не се вклопува во шаблонот на надворешно-партиски структури кои наметнуваат наголемо влијание за растурање на она малку единство и професионализам кое остана во МВР-АНБ.
На ваков расипан и подмолен начин не се постапува со професионалци и СПМ секогаш ќе ја даде својата подршка и помош со сите свои капацитети да ги заштити сите колеги кои се обесправени и на кои им се заканува ваков удар на професионализмот.
Нашето мото е јасно и гласно:
“ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА”, а не издигнување на полтронството и модерното ропство кое веќе е на највисоко ниво досега.
Колега Наќе Чулев, ја имате нашата подршка и стоиме на располагање за понатамошните потреби и постапки како и за секој колега до сега кој бил обесправен на овој или сличен начин. Ова го правиме од причина што во време на Вашето раководење не издадовте ниту едно незаконско решение спротивно на КД на МВР, за разлика од денешното владеење каде незаконието владее секојдневно.
На ова мора да му дојде крај и професионализмот повторно да завладее со оваа некогаш респектабилна институција МВР/АНБ.
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#силанановотовреме
линк:

