МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Каде исчезна долго најавуваниот Интегритет во МВР!?

Со измените на на Законот за внатрешни работи, во МВР е воведен нов термин “Интегритет на работник и спроведување на тест за интегритет” како и тоа што тестот за интегритет е еден од условите за вработување во МВР.

Како поим, интегритет е склоп на повеќе карактерни особини, поточно доблести кои треба да ги поседува и гради еден човек или едноставно дефинирано “НАПРАВИ ДОБРО КОГА НИКОЈ НЕ ГЛЕДА И НЕ БАРАЈ НИШТО ЗА ВОЗВРАТ”. Како припадници на МВР, секој од нас вработените мора секојдневно да покажува интегритет во работата и да работи, да се надоградува во таа насока и од тие причини, ние како Синдикат апсолутно го поддржуваме тоа.

Но како да работиме на личниот и професионалниот интегритет кога нашите надредени го покажуваат сосема спротивното⁉️ ( СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ ИАКО СЕ МНОГУ МАЛКУ ).
СПМ веќе долго време се бореше и се уште, за жал, се бори со незаконските решенија на Министерот за распоредување надвор од место на живеење, наредбите за вршење служба повеќе од 1 месец, решенијата од министерот за санкции по несоодветни и незаконски предлози на дисциплинските комисии…. Се прашуваме каде е тука интегритетот на Министерот кој треба да биде примарен и секундарен пример за тоа? Кога станува збор за направена штета, интегритетот е непозната и неупотреблива фраза. Со илјадниците незаконски решенија истиот направи непоправлива штета на многу од “неговите вработени” – неистомисленици со неговиот поглед на Полиција! Со наредбите направи уште поголема штета, не само професионално туку и лично, финансиски кај тие работници кои добиваа такви “награди”!!! Но потпишувањето на таквите решенија и не е толку голема штета, колку што е аминот на Министерот за комисиите за распоредување да глумат лудило и распашана банда, наместо тоа што треба да бидат.
Посебна тема се начинот на спроведување на постапките за дисциплинска одговорност на комисиите и нивните предлози до Министерот за санкции. Истите, под некаков си изговор “Ние не сме суд овде” прават ноторно кршење на правилници, уредби, колективен договор а неретко и на законите. Но дирекната вина не е нивна, туку на тој што го дозволува таквото однесување, а тоа без сомнеж е Министерот. Уште од самиот почеток на фунционирање на СПМ, Министерот беше константно известуван за таквите состојби, но до ден денес нема промена на подобро со што сега нема изговор дека не знаел или дека не бил запознат. Напротив!!! И за сметка на тоа, наместо да покаже доблест и да пристапи кон решавање на тие проблеми, Министерот продолжува со потпишување на решенија за казни кои не се законски, решенија чија претходна постапка не докажува вина, односно продолжува со правење на штета на работниците. Овие негови постапки секако не претставуваат дисплеј на ИНТЕГРИТЕТ❗️❗️❗️
Под морална, етичка но и законска одговорност, Министерот потпиша решение со кое спречува работа на Синдикат. Со молчење врши малтретирање на синдикални претставници, затскриено позади измислени постапки и причини за распоредување, казни, па дури и дотаму со нарачка на забрана за прекувремено ангажирање на синдикални претставници на СПМ, иако работните места и задачи тоа им го дозволуваат!!! Личност која не покажува правен морал, правна етика во институцијата со која раководи, во никој случај не може да прикаже интегритет, ма колку и да биде слаткоречив и елоквентен во своите излагања. Таквата личност не може а и не смее да бара интегритет од своите подредени.
Нашето насловно прашање ( повеќе е констатација но… ) побарува и одговор на тоа што се случува со огласите за вработување и интерните огласи за унапредување? Иако тоа се спроведува како пракса децении наназад, последниов период сме дирекни сведоци на прекршување на правото на работникот да конкурира на интерен оглас за упразнето работно место заради тоа што таквите огласи се кријат, не се огласуваат на огласните табли во временските рокови предвидени со закон и правилник, се огласуваат ден пред истекот на рокот за пријавување или воопшто не ни стигнуваат до службите на ОЗР, ако се работи за некое повисокопрофилно или почувствително работно место!!! Нема друга логика освен тоа дека тоа се прави со намера да се унапредат и “сместат” послушници и полтрони кои најчесто се со несоодветно образование, недоволнен стаж односно по нити еден критериум не заслужуваат такво унапредување. Заради таквите унапредувања и преместувања, целокупната работа, ефикасност, ефективност и професионалност на службата се загрозува се повеќе и повеќе со секој нов ден. И повторно со знаење и дозвола на Министерот, а нема да биде изненадувачки да е и негова иницијатива.
Тука мора да се спомене неговото дискреционо право за вработување без јавен оглас. Нема да објаснуваме околу тоа, но запрашајте се на каков начин е употребено тоа право од Министер со недостаток на интегритет и било какво чувство на одговорност? Ние знаеме дека сигурно не е во корист на унапредување на службата и работата на МВР!!! Дотолку повеќе што веќе во јавност излегуваат се повеќе информации за сомнителни вработувања, било тоа да се по партиска , пријателска или било каква поврзаност со Министерот, унапредувања на кадри кои во голем дел и не исполнуваат ни основни услови за писменост. Како дел од МВР, нема да ја тврдиме вистинитоста на овие информации, но ќе побараме од Министерот да покаже морална одговорност и секако, интегритет и да одговори на истите, дали се шпекулации или не?
Во поглед на огласите за вработување, мора да го потсетиме Министерот ( по кој знае кој пат ) дека таквите огласи не се доволни да се одржи балансот на работата во МВР. Како пример е претстоечкиот најавен оглас за 600 вработувања. Имено, различен број на места се предвидени во Секторите, но од информациите кои ги добиваме, таа бројка не е ни приближно доволна да ги покрие местата кои ќе се упразнат со пензионирање на колеги до Март 2023-та година, односно бројот на новопримени ќе биде помал од бројот на идни пензионери. Ако на тоа го додадеме фактот дека и сега, моментално, поголемиот дел од секторите работат со намален капацитет, односно со 40-60 % на работници од она што е предвидено со актот за систематизација, ќе се потврди нашето мислење дека вака, со ваков оглас, уште повеќе ќе заслабне структурата на МВР, а со тоа уште повеќе ќе се проблематизира секојдневната работа и ќе се занемаруваат потребите на граѓаните. А тоа веќе сигурно нема да биде ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА, ЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ❗️⁉️
Ова е само многу мал дел од проблемите со кои се соочуваме ние работниците и професионалците во МВР. Проблемите се далеку поголеми и пообемни и како главни причинители ние како Синдикат ги посочуваме Министерот и неговиот Кабинет и министерскиот партнер, организацијата МПС, која во свое слободно време изигрува синдикат ( за нив во следна можност )🎯
Овој пат само прашуваме дали Министерот има намера да ги покаже сите оние доблести со кои ќе прикаже интегритет на највисоко ниво, или ќе продолжи со истото темпо на “работа”и правење штета и со тоа само ќе го потврди сето ова?
На крајот еве јавно да прашаме: Со кое право овој човек подоле, кој не покажа НИТУ ТРОШКА ИНТЕГРИТЕТ, тоа ќе го бара од сите вработени и од идните генерации полицајци⁉️
линк: