МакедонијаПравдаСветот на работникот

Уште еден здравствен работник заразен од ковид-19, директорката на кумановската болница

Директорката на oпштатa болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на ковид-19.

„Позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, пет месеци работа, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера напладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат“, напиша Захариева.

Од почетокот на пандемијата во кумановската општа болница беше заразен поголем дел од здравствениот персонал. Одделенијата работеа со редуциран кадар, доаѓаа лекари од други градови. Состојбата по извесен период се стабилизираше.