Уште еднаш се потврди: 58 % од луѓето бараат минимална плата над 20,000; само 2 % се задоволни (ГРАФИК)

Во март месец оваа година минималната плата треба да порасне на 19,600 денари. Ова на крајот од изминатата година го кажа Вицеприемиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Порталот Работник направи една кратка анкета за тоа „Дали минималната плата од 19,600 денари ќе биде доволна за преживување?“

Од вкупно 2,399 испитаници, најголемиот дел или 58 % се определија за третата опција – Минималната плата треба да порасне над 20,000 денари за да се преживее. Ова уште еднаш потврдува дека народот бара минималната плата да изнесува повеќе од колку што е, а тоа е и очекувано земајќи го во предвид нискиот стандард и постојаниот раст на цените.

40 % од испитаниците одговорија дека овој износ на минимална плата нема да биде доволен за да се преживее, а само 2 % од нив истакнаа дека парите ќе стиигнат за да се иструка месецот.

Во прилог можете да го погледнете и анимираниот график на којшто се прикажни податоците од анкетата која се спроведуваше два дена преку Фејсбук страната на порталот Работник.

 

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.