„За власта постигнато било долгорочно решение во интерес на работниците, опозицијата и натаму инсистира на скалесто покачување на сите плати“
Почна општиот претрес по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на редовната 62 пленарна седница во Собранието, откако тој во второ и трето читање ги мина матичните Комисии за труд и социјала и законодавно-правната.
Предлог законот пред пратениците го образложи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која рече дека новото законско решение било подготвено низ еден инклузивен и транспарентен процес преку дијалог со социјалните партнери, работниците и работодавачите.
Повеќе на Нова ТВ

