- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

УЈП: Ако имате долг од еден денар на ГДП, не плаќајте го

УЈП - Работник
284views

Граѓаните кои во Годишната даночна пресметка имаат долг од 1 денар не треба да се грижат ниту да го плаќаат.

Долгот од еден денар се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие, велат од УЈП.

Advertisement

Пред неколку години денарот предизвика остри реакции во јавноста откако граѓаните добија решенија да го уплатат, па за тој денар трошеа по триесеттина денари за уплатница. Овој проблем веќе е надминат.

Advertisement

Advertisement
Advertisement