- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникот

Фабриката “Ронтис” изработи и донираше заштитни визири за здеавствените работници во Велес

428views

Швајцарската компанија „Ронтис“, која има фабрика за медицински помагала близу Велес, изработи 500 визири кои ги донира на здравствените работници од јавното здравство во Велес за заштита од коронавирусот. Дополнително ќе изработи визири и за сите 55 матични лекари од општината. Во изработката на овие заштитни визири биле ангажирани лица од администрацијата.

„Поттикнати од случувањата со пандемија од КОВИД-19 и зголемените потреби од заштитни средства за луѓето кои што се на првата борбена линија и работат за сите нас, дел од администрацијата на ‘Ронтис’ влезе во одделот за производство да изработи заштитни визири. Не беше тешко да пренамениме дел од своите линии за производство, и од идеја до реализација во еден ден за нешто помалку од 7 часа се произведоа и спакуваа 500 визири. Овие визири се донирани во Општа болница Велес, Здравен дом Велес, Центарот за јавно здравје Велес и Специјализирана болница Јасеново. Дополнително ќе бидат изработени количини за сите матични лекари од Велес“, соопшти компанијата чие производство на медицински помагала е наменето за странскиот пазар, пишува СДК.

Advertisement

Целосниот текст прочитајте го тука

Advertisement
Advertisement