МакедонијаПравдаСветот на работникот

Физички бил нападнат доктор од Клиниката за токсикологија

102views

Вчера физички бил нападнат доктор од Клиниката за токсикологија, објави на фејсбук, Министерот за здравство, Венко Филипче.

“Денеска физички беше нападнат колега, лекар на Клиниката за токсикологија. Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство.
За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи.
Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат”, напиша Филипче на фејсбук.