ЕкономијаСветот на работникот

Луксузните хотели во Хрватска ќе се потипираат на македонска работна сила

Во следната зимска туристичка сезона, JLH Group планира да ги отвори сите свои хотели во Дубровник и да вработи речиси на ниво пред пандемијата од 2019 година. Престижната хрватска хотелска групација која управува со луксузните хотели и вили во Дубровник ќе вработи приближно 450 сезонски работници од вообичаената структура на работните места – собарки, келнери, чистачки, помошници во кујната. како и.нешто помалку готвачи и слаткари.

ЈЛХ активно учествува во сите активности на саемите за вработување, а за „Слободна Далмација“ од таму велат дека и оваа зима ќе се потпрат на работна сила од Македонија.

– Покрај интерните рекламни кампањи преку социјалните мрежи, се обидуваме да привлечеме кандидати и преку виртуелни саеми за вработување организирани од специјализирани агенции за вработување. Со македонска агенција за вработување имаме квалитетна соработка долги години, а од следната година планираме да ги истражиме можностите за соработка со агенции кои вработуваат работници од други пазари на труд – велат од компанијата.

Сепак, редовните саеми и помошта од агенциите за вработување од поширокиот регион веќе не се доволни, па потрагата по сезонски работници годинава се префрли на интернет и платформите за социјално вмрежување.

Страниците на агенциите за вработување се полни со совети, семинари и блогови како да се најдат квалификувани и квалитетни работници и како да се задржат таквите работници? Скоро секоја компанија има Фејсбук страница само за вработување.