Не им се јавувајте на луѓето само кога нешто ви треба: Вака се гради добар деловен контакт
Ако некому му се јавите првпат после неколку години само затоа што ви е потребна услуга, препорака или помош околу работата, големи се шансите дека вашето барање ќе делува помалку изненадно. Добриот networking започнува многу порано и не мора секогаш да има конкретна цел.
Постои една едноставна навика која може значајно да го унапреди начинот на кој ги градиме професионалните односи: јавете му се на некој од својата деловна мрежа, без да побарате нешто од таа личност.
Тоа може да биде честитка поради нова работа или унапредување, статија која ве потсетила на таа личност или едноставно кратка порака во која ќе и’ се јавите по подолго време.
На прв поглед, ваквите мали гестови можеби не делуваат како networking. Сепак, токму тие можат да направат разлика помеѓу контактот кој постои само на LinkedIn и вистинскиот професионален однос.
Networking-от не почнува кога ви треба работа
Дори Кларк, тренер за комуникација и авторка, предупредува дека не е добра стратегија да се биде личноста која на другите им се јавува исклучително само кога и’ е потребна услуга.
Таквиот пристап лесно може да остави впечаток дека контактот го одржувате само од интерес. Од друга страна, повремената и искрената комуникација покажува дека односот ви е важен и кога немате конкретно барање.
Затоа networking-от не треба да почне тогаш кога ќе одлучите да ја промените работата.
Дури и ако сте задоволни со моменталната позиција, односите кои ги градите со колегите, поранешните соработници, луѓето од индустријата и другите професионалци можат да ви користат долгорочно.
Никогаш не знаете кога ќе се отвори нова деловна прилика, ќе се појави интересен проект или ќе ви затреба нечиј совет.
Кратка порака може да направи голема разлика
Одржувањето на контакти не мора да значи закажување состанок, одење на секој деловен настан или испраќање десетици пораки неделно.
Понекогаш се доволни само неколку реченици.
Сте виделе дека поранешната колешка добила унапредување? Честитајте и’. Наидовте на текст за кој знаете дека некој од вашата индустрија се интересира? Испратете му го. Сте се потсетиле на некој поранешен соработник по долго време? Јавете му се.
Поенатата не е во тоа дека секој контакт мора донесе конкретна корист. Напротив, токму отсуството на барања ја прави комуникацијата поприродна.
Ако подоцна се појави ситуација во која ви е потребна помош, нема да изгледа како да сте се појавиле од никаде само затоа што ви треба нешто.
Добрата деловна мрежа се гради со текот на времето
Ова не е важно само на индивидуално ниво. Истражувањето на Harvard Business School од 2023 година, кое анализирало две милијарди LinkedIn конекции во повеќе од 7.000 компании, покажало дека компаниите чии вработени биле подобро поврзани остварувале подобри резултати од оние со помалку поврзана работна сила.
Тоа не значи дека неколку пораки автоматски ќе доведат до подобра работа или поголема плата. Суштината е во тоа дека професионалните врски претставуваат своевиден долгорочен капитал.
Што мрежата на контакти е поквалитетна, поголема е веројатноста дека во вистинскиот момент ќе знаете на кого да му се обратите, но и дека тоа лице ќе сака да ви одговори.
Што можете да направите денес?
Изберете едно лице од својата професионална мрежа со кое долго не сте се слушнале и јавете му се.
Не барајте препорака. Не прашувајте за работа. Не испраќајте CV. Само испратете порака.
Можете да честитате на некој успех, да споделите интересен текст, да прашате како е или едноставно да му се јавите по подолго време.
Добриот networking не е собирање на што поголем број на контакти. Тоа е вложување во односите кои имаат вредност и тогаш кога од нив моментално немате никаква корист.
А најдобар момент да почнете да градите таква мрежа не е кога ќе ви треба помош, туку многу пред тоа.
Извор: BIZLife.rs

