Филипче: Апелирам граѓаните да останат дома и движењето да го сведат за најитни потреби
Министерот за здравство , Венко Филипче , по седницата на Кризниот штаб одржува прес конференција со најновите информации за коронавирусот.
Во државата во моментот има 18 позитивни на коронавирус , од кои шестмина од вчера.
Министерот за здравство Филипче рече дека пациентите на Инфективната клиника , сите 15 се во стабилна состојба .
Во државата во моменто т има вкупно 14 позитивни на коронавирус , од кои шестмина од вчера.
Министерот за здравство Филипче рече дека има 7 лица кои се тестираат на коронавирус од Кичево , Куманово, Тетово , Штип , од Охрид и две родилки од Дебар, не се пред породување , но се донесени за да се направат тестови. Има околу 120 респиратори , од кои 90 во Скопје.
Целиот медицинаски персонал од јавни и приватни установи се организирани за да работат во болниците . Ќе се координираат телефонски .
Назначен е шеф на кризниот штаб во боницата во Дебар , кој ќе тргне кон градот и ќе ја организира работата таму. Болницата во Козле ќе се опреми за да прими евентуално болни деца.
Во Дебар и Центар Жупа сосотојбата е стабилна без инциденти .
Во врска со затворањето на моловите , Филипче појасни дека ќе работат во нив само продавниците за прехрамбени производи и аптеките , а отворените молови ќе продолжат со работа.
Извор: Канал 5