МакедонијаПравдаСветот на работникот

Филипче: Вработените во Итната медицинска помош се значајна алка во целокупниот здравствен систем

235views

„Капацитетот на оваа служба е значајно зголемен во однос на тоа што беше пред 3 години. Сега има практично зголемен капацитет од над 100%-150% – од 7 сега близу 20 функционални возила. Околу 9 екипи се цело време активни на терен. Според најавата на матичните лекари се прави и координација соодветна, а сега ние договоривме нов начин, модул на координација помеѓу службата за итна медицинска помош, матичните лекари и главните болници каде се хоспитализираат пациентите болни од ковид 19 вирусот, а тоа е болницата 8ми Септември, Инфективната клиника и болницата во Козле“, истакна министерот Филипче.

Во изјавата за медиуми, тој рече дека доаѓа летен период, каде вообичаено се зголемуваат повиците кон Службата за итна медицинска помош. Во рамките на оваа служба има и служба за патронажни сервиси, домашна посета и сето тоа бара една поинаква координација. Во таа смисла, за време на денешната посета се разговараше и за начините на коишто тоа ќе се прави, со цел значајно да се скрати времето на чекање, посебно во овој летен период кога освен овие пациенти коишто се сега навистина прадизвик за транспорт има и други вообичаени јавувања.

„Овие вработени здравствени работници тука, докторите, медицинските сестри, возачите се едни од првите во борбата со овој голем здравствен предизвик и навистина заслужуваат големи пофалби за нивната макотрпна, многучасовна секојдневна работа. Тие се влезени и во бројот на здравствени работници коишто ќе добијат соодветна награда за нивната работа во смисла на зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем“, истакна министерот Филипче.

Извор: Влада