МакедонијаПравда

Филипче: Наставата да биде онлајн е ставот на Комисијата, освен за првоодделнците за кои е неопходно физичко присуство

Филипче: Наставата да биде онлајн - Работник
118views

Министерот за здравство Венко Филипче во разговор за Канал 5 истакна дека ставот на комисијата за заразни болести е наставата да се започне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија каде што е неопходно физичкото присуство на децата.

„Во оваа ситуација стравуваме дека транспоротот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштата и тоа во време на есен кога не знаеме со што соочуваме, како и сите други држави во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата без никакво ограничување да се вратат во затворена просторија“, рече Филипче. 

„Ова е дефинитивен став, имајќи ги во предвид и сите други аспекти на Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе донесе дефинитивен заклучок во следните неколку дена“, рече Филипче.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести ги разгледувавме протоколите на училиштата. За утре е закажан состанок на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика на кој ќе ги разгледуваме протоколите за работа на градинките, рече Министерот за здравство, Венко Филипче во разговорот за Канал 5.